Топ Вести - Слушај сега
На околу 30 километри југоисточно од малиот грчки остров Гавдос ноќеска бил откриен рибарски брод со 545 мигранти. Сите лица биле спасени во координирана акција и безбедно пренесени на пристаниште на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за една од најбројните групи мигранти што пристигнале во Грција во последните неколку месеци.
Од грчката крајбрежна служба информираа дека спасувачката операција, која се одвивала во текот на ноќта, била спроведена со учество на три патролни брода на крајбрежната стража, три пловни објекти на Фронтекс, како и уште три брода што се наоѓале во близина на местото на настанот.
Сите 545 спасени мигранти се во добра здравствена состојба. Поради ограничените можности за сместување на малиот остров Гавдос, тие биле пренесени на Крит.
Грција беше на првата линија на мигрантската криза во 2015 и 2016 година, кога повеќе од еден милион луѓе од Блискиот Исток и Африка пристигнаа на нејзините брегови, продолжувајќи потоа кон други европски земји, главно Германија.
Иако миграциските текови оттогаш се намалени, Крит и Гавдос – двата медитерански острови најблиски до африканскиот брег – во изминатата година бележат нагло зголемување на пристигнувањето мигрантски бродови, најчесто од Либија. Несреќите со смртоносни последици на таа рута и натаму се честа појава.
Грција, заедно со Кипар, Шпанија и Италија, ќе има право на поддршка за справување со миграцискиот притисок преку нов механизам на Европската Унија, откако Пактот за миграција и азил ќе стапи во сила кон средината на 2026 година.
Централно-десничарската влада на премиерот Киријакос Мицотакис најави дека приоритет ќе ѝ биде депортација на барателите на азил чии барања ќе бидат одбиени.
Tagged as:
ОД РИБАРСКИ БРОД СПАСЕНИ 545 МИГРАНТИ ТРГНАТИ КОН ГРЦИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
