Од Португалија до Балканот, пожарите пустошат сè пред себе

Lorita
By Lorita
10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европа се соочува со серија пожари, предизвикани од екстремниот топлотен бран што ги зафати Пиринејскиот Полуостров и балканските земји.

Во Шпанија, дел од туристичката област Лас Медулас, светско наследство на УНЕСКО, е уништен од пожари.

Топлотниот бран предизвика издавање на предупредувања за високи температури во Франција, Италија и во Албанија. Во Бордо, Франција, денеска е регистрирана рекордна температура од 41,6 степени Целзиусови.

Стакленичките гасови создаваат почести и подолги топлотни бранови

– Овие високи температури, кои сега стигнуваат и до Велика Британија, се невообичаено силни во споредба со историските податоци. Почестите и подолги топлотни бранови се предвидлива последица од зголемената концентрација на стакленички гасови, главно поради употребата на фосилни горива – вели професорот Ричард Алан од Универзитетот во Рединг, Велика Британија.

Тој додава дека интензитетот на топлотните бранови и на екстремните временски услови ќе се влошуваат додека не се контролираат емисиите на стакленички гасови, пренесува АТА.

Во Италија, Министерството за здравство издаде црвен аларм за 7 градови, вклучувајќи ги Болоња и Фиренца, а се очекува температурите дополнително да растат. Денеска, 11 градови се под црвен метео аларм, а од утре 16. Околу 190 пожарникари и војската се борат со пожарот во близина на Везув, кој е затворен за туристи.

Дете почина од топлотен удар

Во Романија, четиригодишно дете почина од топлотен удар откако било пронајдено во бессознание во автомобил на семејството на Сардинија.

Во Шпанија, топлотниот бран со температури близу 40 степени Целзиусови се очекува да продолжи до недела, што е опасност од нови пожари. Во регионот Кастиља и Леон, каде што се наоѓа Лас Медулас, регистрирани се 13 пожари за три дена, од кои многу се намерно предизвикани, според локалните власти.

Пожарите во Лас Медулас ги уништуваат вековните дрвја, а локалниот градоначалник Алфонсо Фернандез вели дека закрепнувањето на пејзажот ќе трае со години. Во Тарафа, јужна Шпанија, повторно избувна пожар, што доведе до евакуација на 2.000 луѓе.

- Advertisement -
Ad image

 

Во Португалија, пожарникарите се борат со 3 големи пожари, од кои најсериозен е во Транкосо, каде што се ангажирани над 650 пожарникари. Во Франција, 20 департмани се класифицирани како ризични за пожари, додека во Турција, над 2.000 луѓе се евакуирани во провинцијата Чанаккале поради пожар што уништи домови.

Црвени метео аларми низ Балканот

На Балканот, температурите достигнуваат 41 степен, со црвени метео аларми во јужна Босна, Црна Гора и во Албанија. Во Албанија, 800 војници и 7 хеликоптери од ОАЕ, Чешка, Словачка, Хрватска и Грција се вклучени во гаснењето на 14 пожари. Според Европскиот систем за информации за шумски пожари, од јули таму изгореле речиси 34.000 хектари, пренесува АТА.

- Advertisement -
Ad image

Во Црна Гора, армијата интервенираше за да им помогне на пожарникарите во голем пожар поттикнат од силни ветрови што избувна вчера северно од Подгорица, главниот град, принудувајќи неколку семејства да ги напуштат своите домови, објави националниот радиодифузер РТЦГ.

На територијата на Црна Гора се активни голем број пожари, од кои некои ги загрозија домовите и имотите на граѓаните. Најкритичните точки во моментов се помеѓу Буљарица и Чањ, Ѓурковиќ во Пипери над Рогами, во Кучи и Кокоти, додека пожари беснеат и во Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље, соопшти Полициската управа.

 

Хеликоптерот „Камов“ на српското Министерство за внатрешни работи учествува во гаснењето од понеделникот, а во текот на денот се очекува и канадер од Хрватска. Барање за помош во гаснењето на пожарите е испратено и преку механизмите на НАТО.

Црногорската полициска управа објави дека се во тек активности на терен и од воздух за лоцирање активни пожари и за идентификување потенцијални осомничени, додавајќи дека ангажирале хеликоптери, беспилотни летала и сите расположиви полициски сили. Црногорската полиција апелира до граѓаните да покажат максимална одговорност и претпазливост, особено имајќи го предвид зголемениот ризик од пожари поради продолжениот сушен период и екстремно високите температури.

„Не фрлајте цигари од возила во движење“

„Фрлањето цигари од возила во движење, како и палењето оган, ракети или користењето други потенцијални потпалувачи на пожар, претставуваат сериозна закана за безбедноста на луѓето, имотот и животната средина и можат да доведат до ширење на пожари од големи размери“, се предупредува во соопштението.

Црногорската полиција ги повика сите граѓани веднаш да пријават какво било сомнително однесување, движење на лица или активности што можат да укажуваат на обид за потпалување пожар, и пред и по неговото избувнување.

 

Во Хрватска, шумски пожар уништи приближно 300 хектари во регионот Јесеница, во близина на пристаништето Сплит, на југ. Командантот на пожарникарите во Омиш, Вишеслав Пешиќ, изјави дека имале проблеми во текот на ноќта поради силните ветрови во западниот дел од пожарот.

– Мирно го дочекавме утрото, нема ветер, противпожарната бригада е комплетирана, околу стотина пожарникари сѐ уште се на терен. Ќе останеме цел ден и се надеваме дека ситуацијата ќе остане ваква – рече Пешиќ, според ХРТ.

Сè, рече тој, е мирно освен делумен чад, но пожарникарите се справуваат со тоа.

Според него, штетата врз куќите е помала од првично очекуваната.

– Што се однесува до самите куќи и згради, ситуацијата е задоволителна. Но, ова е област позната по своите маслинки, па ќе има значителна штета – рече Пешиќ, додавајќи дека причината за пожарот сè уште се утврдува.

Еевакуации од универзитетските кампуси во Турција

И пожарникарите во Турција се борат со шумски пожари во неколку области, потпомогнати од силни ветрови, а луѓето од 3 села се евакуирани од безбедносни причини. Пожарот, кој започна во област во центарот на северозападната покраина Чанакале и се прошири во селата Гузељали, Чинарли и Еренкеи, сè уште го гаснат пожарникарите. Како мерка на претпазливост, 2.090 жители на Гузељали, Халилели и Еренкеи се евакуирани.

Според „Хуриет“, напорите за гаснење на пожарот, кој беше регистриран вчера во 13:30 часот, продолжија од воздух утрово со првите зраци сончева светлина.

Десет авиони и 9 хеликоптери се борат со пожарот од воздух, додека 75 камиони за вода, 35 противпожарни возила, 10 булдожери, 92 други возила и 760 луѓе реагираат од земја. Вкупно 77 жители, кои настрадале од вдишување чад, се лекувани во здравствени установи и се во добра здравствена состојба.

Еден од трите шумски пожари во Маниса е ставен под контрола, објави Хуриет.

Властите започнаа превентивни евакуации од универзитетските кампуси, воените и станбените области и ги повикаа жителите да избегнуваат непотребни патувања за да ги одржат патиштата отворени за возилата за итни случаи. Аеродромот во градот, Дарданелскиот теснец и дел од автопатот беа затворени неколку часа, пред повторно да се отворат синоќа.

Турската метеоролошка служба соопшти дека температурата во регионот достигнала 33 степени Целзиусови преку ноќ, а ветровите дувале со брзина до 66 километри на час.

Закинтос, Кефалонија и Воница погодени од пожари

Пожарите ги погодија и областите Кефалонија, Воница и Закинтос во Грција, додека евакуацијата на загрозените населби продолжува, а во многу делови од земјата денеска постои висок ризик од нови пожари. На Кефалонија и Воница, пожари избувнаа во Лагада, Аргостоли и Палијамела во текот на ноќта, поради што на жителите им се дадени предупредувања, објави Катимерини.

На Закинтос, рано утрово избувна пожар во областа Килиоменос во шумска област, а пожарникарите со 20 членови и со 9 возила интензивно се борат со пожарот. Силните ветрови го насочуваат пожарот кон селото Агалас, па затоа жителите се повикани да се евакуираат во селото Кери. Пожарникарите моментално работат на терен, како и воздухопловните сили со авион и хеликоптер.

Пожарот на главно во ниска вегетација во Лагада, Аргостоли се става полека под контрола, а жителите во областите Фараклата, Дилината и Давгата се евакуирани кон Миртос. Службеник на округот Фараклата изјави дека пожарот е во голема мера локализиран и нема причина за загриженост.

Пожарот е активен и во шумската област Дафнос во Фокис, каде што се распоредени 30 пожарникари, екипа планинари, осум противпожарни возила и еден хеликоптер. Ситуацијата е подобрена во Евинохори во Ајтолоакарнанија и Мандротопо во Теспротија, додека пожарот во Кимерија во Ксанти е делумно ставен под контрола.

Исто така, пожарот во планинската област Скотинија во општина Аргос-Микена е ставен под целосна контрола, како и оној помеѓу Петралона и Маганаку во општина Месина, кој е во фаза на слабеење.

Цивилната заштита предупредува дека висок ризик од пожар е присутен денеска во многу региони, вклучувајќи ги Атика, Китира, Беотија, Евија, Скирос, Арголис, Коринт, Илија, Лаконија, Месинија, Фокис, Ајтолоакарнанија, Превеза, Арта, Еврос, Самотрака, Лес Хиос и Лим Пори.

Share This Article