Од 27 март стартува новата авио-линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул до Охрид и претходно од 20 март летот од Скопје до Амстердам

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од 27 март стартува новата авио-линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул до Охрид и претходно од 20 март летот од Скопје до Амстердам, најави министерот за транспорт Александар Николоски.

Тој рече дека со политиката на финансиска поддршка за нови дестинации, до сега се воспоставија 10 нови авиолинии од кои 8 од скопскиот и 2 од охридскиот аеродром.

Николоски рече дека од вчера една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона почна да носи туристи во земјата.

– Првиот авион со 180 туристи пристигна. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35.000 туристи -рече Николоски во гостување на МТВ.

Како што потенцираше вицепремиерот Николоски, концептот е секој турист да помине по два дена во Скопје и во Охрид со што ќе се поттикне туристичката дејност а очекувано е да се зголеми и девизниот прилив на државата.

-Туристите ќе доаѓаат од февруари до мај и во периодот од октомври до ноември, надвор од зимската и надвор од летната сезона, период во кој обично хотелите се затвораат оти немаат доволно гости. Ова е туристичка агенција која го работи целото хрватското приморје со посебен фокус во Дубровник каде што милиони туристи носат годишно. Ние уште во опозција работиме на ова, не беше лесна задача. Имавме среќа бидејќи дел од врвниот менаџмент на оваа турисичка агенција е од Македонија, па така интересно е дека почнуваат со 35.000 туристи за оваа година со ветување дека ќе оди нагоре – рече Николоски.

Тој појасни дека туристите ќе поминуваат најмалку два дена во Скопје и два дена во Охрид а ќе имаат и останати посети.

-Тоа ќе значи целосно искористен капацитет за неколку хотели, посетени ресторани, посетени музеи и девизен прилив за Македонија. Ако се претпостави дека еден турист би оставил 200 евра по својата посета може да се пресмета колку средства се тоа. Веќе следната година очекувам бројката да оди нагоре. Во ова значајна улога имаше и Министерството за култура и туризам- рече Николоски.

Share This Article