Топ Вести - Слушај сега
Од 2029-та година, доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните светски телевизиски настани, ќе се префрли од телевизијата „АБЦ“ на платформата „Јутјуб“, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки.
YouTube ги освои ексклузивните глобални права со повеќегодишен, деветцифрен договор, победувајќи ги Disney/ABC и NBCUniversal.
Ова значи дека церемонијата ќе се емитува во живо и бесплатно низ целиот свет, а партнерството вклучува покривање на црвениот тепих, номинации, образовни програми и дигитализација на музеите.
Овој потег го одразува намалувањето на телевизиските рејтинзи и притисокот на Холивуд да допре до помладата, глобална публика.
Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо.
Со овој договор свеченото доделување ќе биде достапно бесплатно за публиката ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос со титлување.
– Со ова партнерство Академијата го проширува аудиториумот и ја приближува церемонијата до нова публика, изјави извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката Линет Хауел Тејлор.
Иако големите манифестации сè повеќе се насочуваат кон стриминг- платформите, Оскарите се први меѓу т.н. „голема четворка“ што целосно се откажуваат од класично телевизиско емитување. Еден од најгледаните настани преминува под водство на „Гугл“, чија платформа Јутјуб има околу две милијарди корисници.
Овој договор претставува културно партнерство кое ја слави уметноста со цел да се инспирира новата генерација на филмски автори и публика, изјави Нил Мохан, извршниот директор на Јутјуб.
За таквата донесена одлука од страна на Американската академија за филмски уметности и науки, Еј-Би-Си засега се воздржаа од коментари.
Телевизијата децении наназад го емитуваше доделувањето на оскарите од 1961 година, со исклучок на периодот од 1971 до 1975 година, кога церемонијата беше повторно емитувана од Ен-Би-Си.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
