Background

Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код

Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код.

Треба да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, а ослободени од наплата се жителите на селата, сопствениците на приватни имоти, како и правните лица регистрирани на територијата на НП Шар Планина.

„Со праќање СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. Стратешките заложби на ЈУ Национален парк Шар Планина се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк“, се вели во денешното соопштение на НП Шар Планина.

- Advertisement -
Ad image

Граѓаните може да платат со праќање на порака (СМС) од нивниот телефон со категорија на возилото и број на регистрација на телефонскиот број 144 – 555 или да скенирајте QR код, да изберат категорија на возило и да внесат податоци. За мотоцикли и автомобили надоместокот изнесува 150 денари, додека 250 денари за комбе и минибус до 20 седишта. Автобусите и тешките товарни возила ќе треба да плаќаат по 450 денари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation