Топ Вести - Слушај сега
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе не бара затворски притвор, туку предложи куќен притвор под 24-часовен надзор за обвинетиот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, а Кривичниот суд го прифати предлогот.
Од ОЈО ГОКК ингормираат дека предложиле куќен притвор, повикувајќи се на повеќе околности, меѓу кои нарушена здравствена состојба на Пецов и ризици по неговата лична безбедност.
Тој до вчера беше во бегство и за него беше определен притвор, кој ќе почне од денот на неговото пронаоѓање. Но, сам се предал, ги дал пасошите и медицинска документација дека не е во добра здравствена состојба. За одлуката за куќен притвор влијаеле и индиции дека во затворски притор нема да е безбеден, односно, како што информира ОЈО ГОКК има „околности што укажуваат на сериони влијанија на постапката и влијанија врз лицето“.
„Одбраната на обвинетиот до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка, укажувајќи на нарушената здравствена состојба на лицето кое веќе било на болничко лекување и на кое му било препорачано понатамошно лекување. ОЈО ГОКК, ценејќи ги истакнатите околности, како и околностите што укажуваат на сериозни влијанија врз постапката и влијанија врз лицето, фактот дека лицето доброволно се пријавило и ги предало двете патни исправи што ги поседува и индициите што укажуваат дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, јавниот обвинител на закажаното рочиште пред судијата на претходна постапка го измени предлогот и предложи да му биде определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката“, соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал.
Од Кривичниот суд објаснуваат дека не можат да определат посилна мерка за обезбедување од онаа што ја предлага обвинителот, па судијата го профатилпредлогот за куќен притвор.
„Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љ.П. на кој од претходно, со решение на Судот, му е определена мерка притвор од негово пронаоѓање, односно лишување од слобода со решение КОК ПП 439/23 во предметот за јавноста познат како „Синџир“. Со оглед дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогон и од неговата одбрана е доставена медицинска документација според која има влошена здравствена состојба, а воедно надлежниот Јавен обвинител, покрај здравствената состојба, ценел и дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделени не може да се гарантира неговата лична безбедност, на записник пред Судот, наместо мерка притвор, предложи на обвинетиот да му се определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка 24 часовен надзор од МВР, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката. Судија на претходна постапка го прифати предлогот на ЈО и на обвинетиот му определи мерка куќен притвор, како и задолжителен надзор, а воедно одземени му се и двете патни исправи“, соопшти Кривичниот суд.
Љупчо Пецов – Ѓаволот е првообвинет во предметот „Синџир“, кој се однесува на финансиски криминал и даночно затајување, во кој веќе имаше и признанија и затворски пресуди. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра.
Случајот се актуелизираше деновиве по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој му беше адвокат на Ѓаволот. Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра, од побараните 100.000 евра, за да посредува и да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје да се укине мерката притвор за Ѓаволот. На 6 октомври тој примил 30.000 евра од сестрата на Пецов, а на 13 декември уште 20.000 евра, по што Стафа беше уапсен, а сега е во притвор.
Апелацискиот суд во неодамна соопшти дека ја одбиле жалбата и гаранцијата од Пецов и не го укинале притворот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
