Обвинителството поведе истрага и бара притвор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

„На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје, при што пронашле една пушка марка Црвена застава, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје. Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

Share This Article