Background

Обвинителството откри детали за братоубиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство – Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколкупати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во домот на оштетениот. Потоа, во период од неколку дена презел повеќе дејствија за да го прикрие делото и да уништи трагите – ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети“, појаснија од Јавното обвинителство.

Поради опасноста да се даде во бегство, но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка – притвор за осомничениот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation