Background

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска (РС)  Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.

Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење до судската полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од СИПА (Државна агенција за истраги и заштита), јави РТРС.

- Advertisement -
Ad image

Директорот на судската полиција на РС, Жељко Драгојевиќ, за РТРС изјави дека тие не добиле наредба. Според него, тоа е во надлежност на СИПА и Судската полиција на Судот на БиХ.

Обвинителството на БиХ може двапати да испрати покана за распит и доколку не одговорат, тогаш постои можност да побараат приведување. Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол.

Во Службениот весник на РС се содржат декрети за објавување на четири закони усвоени од Националното собрание на РС на посебна седница на 27 февруари, со кои се бара да се забрани работата на Обвинителството на БиХ, Судот на БиХ, ВСТВ и СИПА на територијата на РС. Тие закони беа привремено суспендирани со одлука на Уставниот суд на БиХ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation