Background

Обвинителството бара притвор за шестмина дилери на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје денеска официјално отвори истрага против шест лица, осомничени за продолжено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По прибирањето на сите неопходни докази во оваа фаза, обвинителството поднесе и предлог за определување мерка ефективен притвор за сите осомничени.

Според информациите од Јавното обвинителство, во периодот од 1 мај до 3 јули 2025 година, шестмината заедно, во повеќе наврати и со умисла, извршувале временски поврзани дејствија на трговија со дрога. Делото го извршувале користејќи ист траен однос и исти или слични услови.

„Тие неовластено продавале или држеле заради продажба наркотична дрога – амфетамин со нето маса од околу 6,5 килограми, марихуана во количина од 257 грама, како и 98 таблети од психотропната супстанца MDMA“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ).

- Advertisement -
Ad image

Истрагата траела неколку месеци, при што дел од доказите биле обезбедени преку примена на посебни истражни мерки.

На 3 јули, сите осомничени биле лишени од слобода во координирана полициска акција, по претходно обезбедени наредби од судија за претходна постапка. Претреси биле извршени на повеќе локации во Скопје и Куманово.

„При претресите, покрај веќе наведениот амфетамин, марихуана и MDMA, биле пронајдени и одземени и дополнителни количини од марихуана, хашиш, кокаин, други таблети, повеќе дигитални ваги, предмети и парични средства“, информираа од Обвинителството.

Обвинителот денеска и официјално побара мерка ефективен притвор за сите шестмина осомничени од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation