Скопското обвинителство поведе истрага против 26-годишен скопјанец , бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело разбојништво и две дела тешка кражба.
„На 20 декември 2024 година, осомничениот дошол пред врата на стан на улицата Венјамин Манчуковски во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, осомничениот физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари“, соопшти Обвинителството.
На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром, на булеварот Кузман Јосифовски – Питу. Двајцата влегле во објектот со провалување и по пребарување одзеле мобилен телефон.
„Уште една тешка кражба извршил осомничениот на 18 јануари годинава, кога насилно влегол во пицерија на улицата Фрањо Клуз. Оттаму украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението на ЈО.
Tagged as:
Обвинителството бара притвор за 26-годишен разбојник од Скопје
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
