Обвинителот Цветановски тврди дека Љупчо Кoцевски му вршел притисок за предметот „Бонусите на СЈО“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не сакав да ја сменам одлуката за незаконските бонуси на СЈО, па бев суспендиран, вели во интервју за „Нова Македонија“ јавниот обвинител Јован Цветановски.

Јован Цветановски кариерата во обвинителството ја започнал од 1999 година како волонтер, за потоа да ги помине сите обвинителски скалила, од приправник, стручен соработник, прв генерален секретар на Советот на јавните обвинители на РСМ, јавен обвинител во ОЈО Скопје, каде што бил и заменик на основниот јавен обвинител, до јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје во последните осум години.

По суспендирањето на шефот на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, на удар се најде и Цветановски и тој на 28 јануари годинава исто така беше суспендиран.

– Според мојата анализа, со тешко срце морам да констатирам дека последните случувања во Обвинителството ги сфаќам како голем пораз на обвинителската фела и едноставно не можам да се согласам ниту да бидам нем набљудувач. Мојата оцена не е базирана на личен, субјективен аспект, иако директно сум засегнат од последните случувања, но тоа баш ми дава за право да го коментирам, бидејќи од личен пример видов како не смее да се однесува еден државен јавен обвинител Повод за последните случувања, во кои јас и мојот колега Мустафа Хајрулахи сме, за жал, жртви на самоволието на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, е непочитување на неговото барање за носење незаконска одлука.

Цветановски потврди дека тој и Хајрулахи не ја испочитувале желбата на Коцевски да се донесе незаконска јавнообвинителска одлука за предметот познат како „Бонусите на СЈО“.

– Поради тоа, Коцевски, злоупотребувајќи ја својата позиција и под превезот на наводен надзор, направи дополнителен притисок над мојата работа, па откако јас донесов законска одлука и го укинав првостепеното решение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, веднаш иницира дисциплинска постапка користејќи го извештајот за извршениот надзор – вели тој.

Интервјутио на Јован Цветановски за „Нова Македонија“ прочитајте го на следниот ЛИНК.

Share This Article