Background

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско Црнеец

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани, еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во близина на Стрежево на 1 ноември организираа и учествуваа во борби со кучиња.

Тие ќе одговараат за кривично дело Убивање и мачење животни, согласно член 233 став 3 од Кривичниот законик.

„Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и од Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување. Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата пит бул, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок“, соопшти Јавното обвинителство.

- Advertisement -
Ad image

Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња, се додава во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани. Доколку двајцата странски државјани кои се во бегство не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи да им се суди во отсуство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation