Во секој момент треба да започне обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод страшната трагедија која ноќеска ја потресе целата земја, кога 59 лица загинаа, а 155 беа повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Очекувањата се дека на прес-конференцијата премиерот Мицкоски ќе ги соопшти најновите официјални информации поврзани со трагедијата, како и мерките што ќе ги преземе Владата за поддршка на семејствата на жртвите и повредените лица.
Воедно, се очекува тој да информира и за евентуалната одговорност на институциите и на сопствениците на објектот каде што се случи несреќата.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ е најголемата трагедија што ја погодила Македонија во изминатите години, со оглед на големиот број жртви и повредени.