Обожавателите на познатата актерка Гвинет Палтроу (52) останаа шокирани кога конечно со неа се појави нејзиниот сопруг Бред Фалчук (54), кoj речиси никогаш не се појавува во јавноста. Тој се „појави“ во една од нејзините објави на Инстаграм оваа недела и предизвика бурни реакции кај обожавателите.
Оскаровката и наградуваниот продуцент и сценарист се во брак од 2018 година, а врската ја обелоденија по нејзиниот развод од фронтменот на бендот „Колдплеј“, Крис Мартин, во 2014 година.
Палтроу многу ретко споделува фотографии или видеа со својот нов сопруг, тие се обидуваат да ги задржат деталите за нивниот семеен живот во тајност. Меѓутоа, овој пат таа реши да направи исклучок и го најави Фалчук како специјален гостин во овонеделната епизода од нејзиниот популарен поткаст „ГУП“.
Во поткастот, тој ќе зборува за „тешкото патување“ низ кое поминале за да ги обединат своите семејства. Фалчук, исто како и Палтроу, има две деца од претходната врска.
Палтроу го започна заедничкото видео со претставување на својот сопруг пред своите 8,7 милиони следбеници додека тој срамежливо мавташе кон камерата.
„Правам посебен поткаст за тоа како е да се биде очув и маќеа, па го поканив Бред да ми се придружи“, продолжи актерката, а потоа ја свртела главата и го погледнала Фалчук.
„И јас се согласив бидејќи таа побара“, рече Фалчук, на што Гвинет се насмеала. „Се надевам дека ќе уживате“, им порачала актерката на своите следбеници.
Многумина останаа вчудовидени кога го видоа Фалчук, кој и покрај тоа што е познат писател, режисер и продуцент, во голема мера останува надвор од центарот на вниманието, на социјалните мрежи со Палтроу.
Палтроу последен пат објави за својот сопруг на социјалните мрежи во чест на неговиот 54-ти роденден, 1 март. Таа потоа го нарече „најдобриот дечко, сопруг и пријател на кој можела да се надева“.
Во коментарите се огласи и ќерката на Фалчук, Изабела, која ја доби со поранешната сопруга Сузана Букиник (55). 20-годишната девојка напишала дека Палтроу била „најдобрата маќеа досега“, а на објавата додала емотикон со срце.
Гвинет се раздели од Крис Мартин во 2014 година по десет години брак, кога нивната ќерка Епл имаше девет, а нивниот син Мозес осум. Таа започна да излегува со филмскиот и телевизискиот продуцент Бред подоцна истата година, откако се запознаа на снимањето на ТВ серијата „Веселба“(Glee), која тој ја продуцираше и во која таа глуми. Тие се венчаа во 2018 година во Хемптонс. Актерката претходно откри дека ѝ биле потребни години и години за да изгради доверба со децата на Фалчук и дека сега длабоко жали што чекала толку долго пред да се пресели кај Бред по венчавката.
Таа исто така додаде дека се борела со тоа да го внесе Бред во животот на своите деца по разделбата со Крис Мартин.