Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Берово до 4 во Гевгелија, а максималните дневни од 2 во Битола и 14 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно магла, а во попладневните часови се очекува расчистување на времето. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени.
За утре метеоролозите најавуваат сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко, а по котлините во поголем дел од денот магливо и со ниска облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени.
Исто време нѐ очекува и во среда. Утрата ќе бидат магливи по котлините, а во текот на денот ќе се појави сонце, но со мала умерена облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.