Српската пејачка Ана Николиќ е брутално претепана, а полицијата го истражува случајот. Вознемирувачкото видео ги откри ужасните повреди на пејачката.
Една од најпознатите српски пејачки, Ана Николиќ (46), е брутално претепана. Српските медиуми објавуваат дека полицијата веќе е вклучена во случајот, а деталите за инцидентот сè уште не се познати. Порталот „Пинк.рс“ објави вознемирувачко видео на кое Николиќ е видливо во лоша состојба и покажува повреди по целото лице.
На нејзиното лице се видливи гребнатини, исекотини, отоци и испакнатини, а повредени се и усните.
Ана Николиќ е присутна на музичката сцена повеќе од 20 години, а ја освои публиката низ целиот регион со хитови како „Ромале, ромали“, „Диво“, „Милион долари“, „Пилуле“, „Џукело“ и албумот „Јануари“ од 2003 година.
Некогаш, таа беше позната и како една од најатрактивните жени на Балканот.
Пејачката беше во брак со Стефан Ѓуриќ Раста, со кого ја има ќерката Тара. Ана сега е во врска со српскиот композитор Горан Ратковиќ Рале.