Background

Обама му возврати на Трамп за обвинувањата за велепредавство

Поранешниот претседател на САД, Барaк Обама, го прекина молкот во врска со повиците од Доналд Трамп за негово гонење, цврсто отфрлајќи ги обвинувањата на својот наследник дека наводно се обидел да организира „државен удар“ по победата на Трамп на изборите во 2016 година, преку „измислување“ докази за руско мешање, објави британски Гардијан.

Канцеларијата на Обама презеде невообичаен чекор со остро демантирање, откако Трамп изјави пред новинарите дека неговиот претходник се обидел да предводи државен удар против него и дека бил виновен за велепредавство поради разузнавачките извештаи според кои Русија интервенирала за да му помогне на Трамп да ја победи Хилари Клинтон.

„Од почит кон институцијата на претседателството, нашата канцеларија обично не реагира на постојаните глупости и дезинформации што доаѓаат од оваа Белата куќа. Но, овие тврдења се доволно скандалозни за да заслужат одговор. Овие бизарни обвинувања се апсурдни и слаба игра за одвлекување на вниманието“, се вели во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Во соопштението понатаму се критикуваат наводите содржани во 11-страничен документ, објавен минатата недела од директорката на националната разузнавачка служба, Талси Габард, која тврди дека доставила „докази за велепредавничка завера“ меѓу луѓе од тимот за национална безбедност на Обама до Министерството за правда и препорачала нивно гонење.

„Ништо во документот, објавен минатата недела, не ги поткопува широко прифатените заклучоци дека Русија се обидела да влијае врз претседателските избори во 2016 година, но не успеала да манипулира со самото гласање. Овие наоди беа потврдени и во извештајот на двопартиската сенатска комисија за разузнавање од 2020 година, под водство на тогашниот претседател Марко Рубио“, се наведува во реакцијата.

Реакцијата на Обама дојде откако Трамп упати низа обвинувања од Белата куќа додека се сретнуваше со претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос Млад, син на поранешниот автократски лидер, симнат од власт во народната револуција во 1986 година.

На прашање кој треба да биде главна цел на кривичната истрага препорачана во извештајот на Габард, Трамп изјави:
– Според она што го прочитав, а го прочитав речиси истото што и вие, тоа би бил претседателот Обама. Тој го започна сето тоа и Бајден беше со него. И Коми беше таму, и Клапер, целата таа група. Тоа беа и тие, но водачот на таа банда беше претседателот Обама, Барак Хусеин Обама. Сте чуле ли за него? Ова не е некаков доказ. Ова е нешто што личи на апсолутен, неоспорлив доказ дека Обама бил предавник, дека се обидел да изведе државен удар – со Хилари Клинтон, со сите други. Но, Обама го водел тоа. Тој е виновен. Ова беше велепредавство. Ова беше сѐ што можете да замислите. Сакаа да ги украдат изборите. Сакаа да ги замаглат резултатите. Направија работи што никој досега не ги замислил.

Трамп додаде дека Габард му кажала дека „има уште илјадници документи на пат“.

– Тоа е најневеројатна работа што сум ја прочитал. Па, видете го тоа, и престанете да зборувате за глупости – рече тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation