Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува.
Таа рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да пораснат пензиите за 1.000 денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно.
– Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година и во септември исто така имајќи предвид дека просечната плата природно ќе расте. Поради недостигот на работна сила и целиот природен процес што се случува во економијата очекуваме дека ќе има раст на пензиите и понатаму, но ќе биде согласно законот – изјави Димитриеска-Кочоска.



























