Уште едно пукање се случи синоќа во бриселската општина Андерлехт, во близина на метро станицата Клеменсо. Најмалку едно лице е повредено, јавуваат белгиските медиуми.
„Едно лице е рането со куршум во ногата и пренесено во болница“, соопшти бриселското обвинителство. Веднаш по пукањето, на местото на настанот пристигнале истражители, федералната полиција и балистички експерт за да спроведат истрага.
Ова е втор инцидент за два дена во Андерлехт. За разлика од пукањето во средата, овој пат сообраќајот на метрото не беше прекинат, иако еден влез во станицата беше затворен, соопшти бриселскиот јавен транспортен оператор СТИБ.
– Во последните 24 часа имаше три престрелки: две во Андерлехт и едно во Сен Жосе-тен-Нуд. Не знаеме со кого си имаме работа, но имаме двајца осомничени по кои моментално се трага – рече Моинил.
Тој додаде дека престрелките се поврзани со територијален конфликт меѓу неколку нарко банди.
– Уште колку смртни случаи ќе ни бидат потребни за да имаме одговор сразмерен на сериозноста на ситуацијата? Трговијата со дрога стана толку широко распространета, а парите вклучени во неа толку големи, што се водат војни – рече тој.
Пред последното пукање, Моинил веќе ги повикал шефовите на шесте бриселски полициски зони и правосудната полиција да побараат анализа и да утврдат кои се овие банди. Иако има одредени идентификации, „сè уште има многу неизвесности“, рече тој.
Tagged as:
банди се пресметуваат за дрога Ново пукање во Брисел
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖