Начинот на кој одат луѓето може да помогне во порано идентификување на аутизмот, вели австралиски експерт за ментално здравје. Ова откритие би можело да ја олесни дијагнозата, особено кај децата, бидејќи се базира на објективно набљудување, за разлика од постојните методи кои не се темелни исклучиво на проценка на однесувањето и развојните обрасци.
Професорката Никол Рајнхарт, клинички психолог со повеќе од 20 години искуство, објаснува дека „невообичаениот начин на одење“ сега е официјално признат како еден од дијагностичките индикатори за аутизам во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања (DSM-5). Ова е важен чекор за аутизмот бидејќи сè уште не постои медицински тест, како што се крвните анализи тест или магнетна резонанца.
Според професорката Рајнхарт, разликите во одењето се поврзани со развојот на мозокот, особено во деловите одговорни за движење, базалните ганглии и малиот мозок. Базалните ганглии ги управуваат движењата, додека малиот мозок одржува рамнотежа користејќи информации од увото, очите и мускулите. Ако овие делови од мозокот не функционираат правилно, може да се појават специфични обрасци на одење.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.