Новиот партнер на српската пејачка Милица Тодоровиќ, Марио Б. денеска е уапсен.
Како што дознава српски „Телеграф“, Интерпол распишал потерница по него.
М.Б., кој неодамна се сврши со младата пејачка, е уапсен во Белград, во елитен дел од градот, каде што живее Милица.
Пејачката сè уште не се огласила по повод оваа информација.
Да потсетиме, јавноста неодамна ја дозна веста дека Милица Тодоровиќ се свршила.
Иако официјално не го потврди тоа, медиумите објавија дека пејачката носи скап прстен и дека во последно време е неразделна од своето момче.
Наводно, Тодоровиќ го запознала и семејството на својот свршеник, бизнисмен од Хрватска.
Бидејќи претходната недела настапувала во еден загребски клуб, на настапот наводно ја придружувало и нејзиното момче.
Парот веќе извесен период живее заедно во Белград во луксузна населба каде Милица има стан, а потоа отпатувале во неговиот град на неколку дена.