Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што претстои да создаде фер услови за фер игра во трката за иден лидер на партијата, вели новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Не станува збор за укинување на позициите на потпретседателите на партијата, туку дека во моментот нема назначување нови.
– Тоа е негова одлука и ние ја почитуваме и ја поддржуваме неговата одлука и мислам дека сите приказни што се плетат во јавноста се целосно непотребни, поврзани со тоа дека се укинуваат тие места. Напротив поранешните потпретседатели се членови на Извршниот комитет, тело кое што е директно под претседателот и каде што се дикутира на иста заедничка маса, се разговара за политиките кои ги прави партијата што ја претставуваме – рече Ковачки во гостување на Сител.
Во врска со новиот состав на Извршниот комитет тој рече дека е составен од луѓе со различни искуства во извршната и во законодавната власт.
– Имаме една промена од 20% до 25% во Извршниот комитет, еден спој на искуство, на луѓе со различни портфолија, луѓе коишто имаат различно искуство во извршната власт и во законодавната власт, меѓутоа имаме и луѓе коишто се помлади, носат една свежина во ИК и ќе помогнат на партијата односно на претседателот во реализација на политиките на партијата – рече Ковачки.
Тој најави дека новиот ИК во текот на следната седмица ќе ја одржи првата седница на која ќе се распишат огласите за претседатели на општинските комитети.
– На негова одговорност ќе падне распишувањето на огласи за претседатели на општинските комитети, реорганизација во партијата, едно кадровско освежување и подготовка за идните парламентарни избори и структурирање на партијата и подготовка за идната декада – рече Ковачки.
На есен, додаде, планираме да направиме едно ажурирање на членството, да ја отвориме партијата генерално за нови кадри, кадри коишто ќе донесат свежина посебно во делот на новите процеси коишто следат во иднина, процеси во здравството, образованието, нови процеси во економијата, прилагодување на новите технологии коишто доаѓаат, односно подготовка за превземање и на партијата и на државата во наредната декада.
– Така размислуваат вистинските лидери, лидерите размислуваат за иднината, превземаат мерки, подготвени да се соочат со предизвиците коишто следат – рече Ковачки.
Тој ја оцени СДСМ како полураспадната парија и одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста и сподели дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна.
– Во делот на НАТО сертификатот она што го цело време потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДСМ и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата – појасни Ковачки.
Тој обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.
– Така што, сите овие лаги ѝ прават штета не само на партијата, туку ѝ прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио – рече новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
