Акциониот трилер „Ризик во лет“ (Flight Risk), во режија и продукција на оскаровецот Мел Гибсон, беше премиерно прикажан пред неколку дена, но наиде на главно негативни критики. Иако очекувањата беа големи, филмот не успеа да задоволи ниту критичарите, ниту дел од публиката.
Сценариото го напиша Џаред Розенберг, а главните улоги ги толкуваат Марк Волберг, Мишел Докери и Тофер Грејс.
Дејствието ја следи агентката на ФБИ (Докери), која треба да обезбеди клучен сведок во судењето на опасен мафијашки бос. За време на летот, тие откриваат дека нивниот пилот (Волберг) не е како што изгледа – тој е всушност изнајмен убиец чија мисија е да го елиминира сведокот. Ситуацијата станува уште покомплицирана кога ќе сфатат дека не се единствените кои ги сакаат мртви.
Филмот е создаден во соработка со продукциските компании „Lionsgate“, „Icon Productions“ и „Davis Entertainment Company“. На веб-страницата Rotten Tomatoes, „Flight Risk“ моментално има само 2о отсто позитивни критики од критичарите, додека оценката на публиката е нешто подобра, со 61 отсто позитивни коментари. Сепак, многумина сметаат дека ова е еден од најголемите промашувања во кариерата на Гибсон.
Под трејлерот може да се најдат мноштво коментари за филмот, а многумина се согласуваат дека „ќелавиот“ Волберг е дефинитивно промашување и дека во самиот трејлер може да се види речиси целиот заплет на филмот, што е апсурдно.
Критичарите беа остри. Џек Мартин за порталот „Film Feeder“ изјавил дека филмот најверојатно би останал незабележан доколку не бил режиран од добро познато име, додека Рајан Скот од порталот „Slash Film“ го нарекол „првиот ужасен филм“ во режисерската кариера на Гибсон. Џозеф Томастик од Loud and Clear Reviews бил подеднакво негативни, додавајќи дека едвај чекал да заврши филмот и дека дејствието ќе било понапнато доколку авионот се урнел.