Новиот блок на „Реплек“ нема да произведува само лекови, туку и иднина на македонската економија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ние веруваме дека силна економија не се гради само со странски капитал, туку со грижа за својот. За секој што решил да остане и има храброст да инвестира и да работи тука, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот фармацевтски блок на „Реплек“.

– Оваа инвестиција има посебна тежина затоа што е домашна. Денес кога се зборува само за странски инвестиции, покажува дека и домашните претприемачи се исто така мотори за развој на економијата. Токму затоа владата останува посветена на инвестициите. Со новиот фармацевтски блок „Реплек“ не само што го модернизира и го автоматизира својот производен процес, туку го зголемува производството за 25%. Тоа значи нова технологија, повисоки стандарди и нова потврда дека нашата земја има потенцијал за економски раст – рече Мицкоски.

Тој потсети дека стратешка цел на владата е да ги олесни условите за водење бизнис на компаниите кои придонесуваат за подемот на земјата што веќе е видливо преку растот на индустриското производство и другите параметри кои придонесуваат за позитивната слика за македонската економија.

– Новиот блок на „Реплек“ е дел од сликата на Македонија која се гради за економија која е во подем. Оваа линија произведува не само лекови туку и надеж и иднина на македонската економија – рече Мицкоски во своето обраќање.

На отворањето на погонот на Реплек, покрај премиерот присуствуваа и министерот за здравство, Азир Алиу, директорот на МАЛМЕД, Сабри Алити и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

Share This Article