Во голем напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта во градот Лозова во близина на Харков во североисточна Украина загина едно лице и беа повредени десет лица, меѓу кои и две деца, соопштија денес украинските власти. Две лица беа повредени и во напад со руски беспилотни летала во Запорожје.
Руската војска го нападна градот Лозова, важен железнички центар, со повеќе од 30 беспилотни летала. Градоначалникот на градот, Сергеј Зеленски, го опиша нападот како најлош од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година.
„Лозова го претрпе најлошиот напад од почетокот на војната“, нагласи тој, според француската новинска агенција АФП.
Нападот оштети железничка станица и железничка инфраструктура, како и неколку станбени згради, а избувнаа и неколку пожари. Машиновозач беше убиен, а четворица други железнички работници беа повредени.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека единиците за воздушна одбрана собориле 29 дронови во текот на ноќта на северот и истокот од земјата, објави АФП.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
