Маријана М., 44-годишна шаманка со српско потекло, која со семејството ги измамила наивните Германци и Австријци, сè уште е во бегство. Луѓето ѝ подарувале стотици илјади евра, скапоцен накит, часовници и златни прачки, со надеж дека ќе ги спаси од наводни клетви. На тој начин прибавила над 12 милиони евра. Сега се откриени нови детали за нејзините измами.
Маријана, нејзиниот син Франческо, снаата Дона и поранешниот сопруг Дејан сега се под истрага под сомнение за тешка измама, перење пари и за формирање криминална организација. Освен шаманката, сите останати членови на семејството се во притвор.
Главниот истражител од Државната канцеларија за кривични истраги на Долна Австрија, Георг Велс, зборуваше за германскиот „Билд“ за начинот на кој делувала оваа група измамници, пренесе српски Курир.
„Видовитите“, кои се претставувале како Амела (псевдоним на Маријана М.) и Ана (псевдоним на снаата Дона), секогаш директно им пристапувале на потенцијалните жртви.
– Според досегашните сознанија од нашата истрага, тие лажеле луѓе. На пример, тврделе дека нивен роднина ќе загине во тешка сообраќајна несреќа – вели истражителот Велс.
За да ја „разбијат“ наводната клетва, измамниците барале пари и накит за да извршат „ритуали на прочистување“.
– Жртвите биле уверени дека ќе си ги добијат назад предметите. Во еден случај, една жена им предала повеќе од 730.000 евра, а потоа не можела веќе да стапи во контакт со нив – додал Велс.
Пред да биде откриен кланот, кој делувал низ регионот на Германија и на Австрија, неговите членови живееле во неверојатен луксуз. Дополнително, според истражителите, добивале и стотици илјади евра од социјално осигурување.
– Обвинетото семејство живеело во вила меѓу лозјата блиску до Виена. Запленети се добра во вкупна вредност од 12,6 милиони евра. Дел од тие пари се пронајдени во сеф скриен зад полица со книги. Таму имало и машина за броење пари – изјави Велс.
Полицијата пронашла и 25 килограми златни прачки, килограми накит и готовина, како и златни и сребрени монети.
Монетите биле скриени во обични пластични кеси во заѕидан базен, до кој можело да се влезе само преку отвор во подот.
Банкарските сметки се замрзнати, а истражителите откриле 14 луксузни автомобили во изнајмена гаража – меѓу нив и Aston Martin Vantage V8 и Mercedes 250 SE купе.
Семејството со српски корени наводно поседувало и хотел во Виена. Според истрагата, и покрај богатството, примале социјална помош – вклучително и за пет малолетни деца.
– Според досегашните податоци, тоа изнесува околу 700.000 евра – рече Велс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
