Во Кочани денеска има нови апсења кои се поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а близу 200 беа повредени.
Според неофицијални информации, приведени се 13 лица, а меѓу нив се најдоа и началници и полициски службеници кои вечерта кога се случи трагедијата биле на работа.
Меѓу приведените е и Т.Д., началник на крим полиција, Д.П кој бил сменоводител ноќта кога се случи несреќата, М.М – началник на ОВР Кочани, К.Ј. – началник на економски криминал при ПС Кочани, како и М.Р. – полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата.
МВР за утре најавува повеќе информации за денешните апсења во своите редови.