Нова снимка од концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес се појави на социјалните мрежи. На снимката пишува „Цеца испратена со овации од публиката“. Според српските медиуми, видеото докажува дека Цеца не била избркана од сопствениот концерт бидејќи претходно истата вечер вееше бугарско знаме кое ѝ го подаде непознат обожавател од публиката.
Интересно е и тоа што, на новото видео Цеца пее обвиена со македонско знаме.
Самата пејачката пред неколку дена реагираше дека била избркана од концертот.
– Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената, дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа, мислам, со некои исклучоци, но има и такви што шират глупости. Да, се случи таа ситуација, и јас дадов изјава за тоа и тоа беше решено. Постојат полоши скандали за кои не ги вознемирувавте вашите колеги. Што се случи, луѓе? Јас одам 40 години, никогаш во животот не сум имала провокативна изјава, а камоли за нешто друго. Луѓето навредуваат луѓе, ги навредуваат своите колеги… – вели Цеца.
Пејачката исто така нагалси дека немала намера да навреди никого веејќи го бугарското знаме.



























