Background

Нов јужен Велс ќе ги менува законите за оружје по масакрот на плажата Бонди

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Премиерот на австралиската држава Нов Јужен Велс изјави денеска дека парламентот ќе се состане на почетокот од следната недела за итно да дебатира за сеопфатни реформи на законите за оружје и протести како одговор на најсмртоносното масовно пукање во Австралија во последните три децении.

- Advertisement -
Ad image

Крис Минс, премиерот на државата Нов Јужен Велс, во која се случи нападот, на прес-конференција изјави дека парламентот ќе се состане на 22 декември за да ги разгледа „итните“ реформи, вклучително и ограничувањето на бројот на огнено оружје по лице и отежнувањето на пристапот до одредени видови пушки.

Владата на Нов Јужен Велс ќе разгледа реформи за да го отежне одржувањето на големи улични протести по терористичките напади за да се спречат понатамошни тензии.

– Имаме монументална задача пред нас. Огромна е одговорноста да ја обединиме заедницата. Мислам дека ни треба лето на мир и заедништво, а не на поделби – рече Минс.

Татко и син се осомничени за пукањето во неделата врз Евреите кои го прославуваа почетокот на Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј, во напад што ја потресе нацијата и ги зголеми стравувањата од растечки антисемитизам и насилен екстремизам. Двајцата мажи биле на Филипините пред нападот во кој загинаа 15 лица и се верува дека бил инспириран од Исламска држава, соопшти вчера полицијата.

Саџид Акрам (50) беше убиен од полицијата на местото на настанот, а неговиот 24-годишен син Навед денеска се разбуди од кома откако и тој беше застрелан од полицијата.

– Тој ќе биде формално обвинет, ако веќе не е, очекувам тоа да се случи во наредните часови – рече утринава австралискиот премиер Ентони Албанезе во подкаст.

Навед Акрам бил предмет на кратка истрага од страна на австралиската разузнавачка агенција во 2019 година за наводни врски со Исламска држава, но во тоа време немало докази дека тој претставувал закана, рече Албанезе.

Навед ќе биде испрашуван кога ќе помине дејството на лековите и кога ќе биде присутен адвокат, рече началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Мал Ланион. Полицијата, во меѓувреме, изјави дека ќе поднесе обвинение против Акрам кога неговата здравствена состојба ќе биде соодветна.

Стотина ожалостени денеска се собраа во синагогата во Бонди на погребот на 41-годишниот рабин Ели Шлангер, кој беше убиен пред три дена на плажата Бонди. Шлангер неодамна стана татко по петти пат. Роден е во Велика Британија, но живее во Сиднеј во последните 18 години. Полициски службеници и приватни еврејски обезбедувачи ја обезбедуваа синагогата.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, лидерката на федералната опозиција, Сусан Леј, и локалната пратеничка Алегра Спендер беа на погребот. Премиерот Албанезе не беше на погребот, а претходно денеска рече дека ќе дојде на погребот доколку биде поканет.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на настанот по повод Ханука во Белата куќа вчера изјави дека мисли на жртвите од „страшниот и антисемитски терористички напад“.

– Се придружуваме на жалоста за сите убиени и се молиме за брзо закрепнување на ранетите – рече тој.

Албанезе се соочува со критики дека неговата централно-левичарска влада не направила доволно за да го спречи ширењето на антисемитизмот во Австралија за време на двегодишната војна меѓу Израел и Газа и дека не успеала да спречи масовни пукања.

– Ќе соработуваме со еврејската заедница, сакаме да го искорениме антисемитизмот од нашето општество – им рече Албанезе на новинарите.

Здравствените власти денеска изјавија дека 22 ранети лица сè уште се лекуваат во неколку болници во Сиднеј.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation