Ниските температури ги оштетија и цветовите на кајсиите и бадемите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско, оваа информација ја потврди за МИА, Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци.

– Само што бевме на терен како претставници на Агенцијата, после ниските температури во раните утрински часови, што го зафатија Росоманско. Според информациите со кои располагаме, вчера наутро температурите се спуштиле до -4, а денеска до -7 степени – појасни Николов.

Тој истакна дека првичните согледувања од стручни лица на терен, говореле дека има големи штети во овошните насади во Росоманско.

– Станува збор за регион, најголем производител на праски во државата. Првите проверки на лице место, велат дека голем е данокот, што и овојпат го имаат земено ниските утрински температури на прагот на пролетта. Штети има кај дрвцата праски, кајсии, бадеми, кои во овој период од годината се во фаза на полнo цветање. Најголеми се штетите во Росоман и росоманските села Манастирец и Трстеник – подвлече Николов.

Тој додаде дека дополнително ќе се утврдува процентот на штети кај овошките. Засега, во лозарството немало оштетувања од ниските утрински температури, што го зафатија овој регион изминатите два дена.

Share This Article