Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека компанијата за челик „Ју-Ес Стил“ ќе остане под американска контрола и покрај најавеното партнерство со јапонската „Нипон Стил“, која има амбиции да ја преземе.
– Ќе биде под контрола на Соединетите Американски Држави. Инаку, немаше да го склучам тој договор – изјави Трамп за новинарите во Њу Џерси.
Тој додаде дека станува збор за „инвестиции и делумно сопствеништво“, но дека американската страна ќе ја задржи контролата, пренесува „Кјодо“.