Background

Николоски очекува есенва да се избере изведувач за автопатот Скопје – Блаце

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 километри на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатиштата од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој на сите проекти се работи со  силна динамика и резултатите се видливи каде за два месеци се пуштени 34 километри за сообраќај.

–  Сега го пуштивме делот од Климештани до Охрид и со поврзувањето до аеродромот Св. Апостол Павле и исклучокот за Струга во должина од 17 км, веќе 34 км на автопатот се користат. Останатите 22 км очекуваме сукцесивно да ги пуштаме од месец октомври до крајот на следната година. За разлика од сега, минатата година се соочивме со проект којшто не постоеше, практично немаше проект – вели тој.

- Advertisement -
Ad image

Николоски вели дека на автопатиштата Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се реализираат со планираната динамика и очекува почетокот на 2029 година да има целосно автопатско и експресно поврзување од ГП Деве Баир до ГП Ќафасан.

– Обиколница на Крива Паланка ја почнавме, од Крива Паланка до Страцин веќе имаме експресен пат, во моментов со ЕУ преку „Планот за раст“ работиме од Страцин до Куманово исто така на експресен пат. Таму експропријацијата е завршена, сега треба со ЕУ да се договориме за процесот на избор на изведувач. Од Куманово до Скопје има автопат, има и обиколница на Скопје која не е во добра состојба, следната година целосно ќе ја реконструираме. Скопје-Тетово веќе постои автопат, Тетово-Гостивар се гради, Гостивар-Букојчани се гради, Букојчани до Кичево до 30 септември очекуваме понуди, Кичево – Охрид го работиме, така што воопшто не е нереално да очекуваме крај на 2028, почетокот на 2029 година од ГП Деве Баир до ГП Ќафасан да имаме автопатско односно експресно решение“ вели тој.

Николоски најави дека 17 километри од патот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во сообраќај следната година, односно до втората половина на 2027 година целосно да биде завршен тој автопат.

Во однос на автопатот Скопје – Блаце исто така најави дека оваа есен ќе се избере изведувач заедно со Европската банка за обнова и развој со што ќе започне изградбата и на овој автопат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation