Николоски најави и нови проекти за намалување на цената на недвижностите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Велес, 29 семејства добија нов дом во рамките на програмата за изградба на социјални станови, кои се дел од напорите за обезбедување пристојни животни услови за граѓаните. Овој проект е уште еден важен чекор во обезбедувањето на стабилни и сигурни домови за социјално ранливите категории.

Доделувањето на клучевите на новите станови беше проследено со присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Велес Марко Колев и други важни претставници од владини институции.

– Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина – изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој го нагласи значењето на овој проект за подобрување на животот на граѓаните.

Тој истакна дека освен социјалните станови, Владата продолжува да работи и на изградбата на комерцијални згради, како дел од напорите за интервенција на пазарот на недвижности и намалување на цената на станбениот квадрат.

– Се сеќавате дека бевме тука и во моментите кога се градеше оваа зграда. Драго ми е што е завршена и драго ми е што семејствата кои што денеска ги сртенавме ќе можат да градат една попристојна иднина и да можат да најдат топол дом. Како што спомнавме, ќе продолжиме и во следниот период да работиме на изградба на слични вакви објекти и во останатите градови за да помогнеме на што повеќе семејства колку што можеме, а исто така преку изградба на комерцијални згради ќе се обидеме да интервенираме во цената на квадратот која што за жал достигнува во одредени градови и огромни суми кои што мораат да одат надолу – додаде Николоски.

Новиот проект во Велес вклучува 29 станбени единици, како и 29 подрумски простории. Становите се изградени во рамките на владината програма за социјално ранливи категории граѓани.

Во продолжение, директорот на АД за станбен и деловен простор, Марјан Стефановски, најави дека следната недела ќе се распише јавен оглас за продажба на становите од комерцијалната зграда во Битола, која исто така се гради во рамките на ова акционерско друштво. Според најавите на вицепремиерот Николоски, цената на становите ќе биде 1.000 евра за квадратен метар, додека цената на деловните простории ќе биде 2.000 евра за квадратен метар.

Share This Article