Сериозно сме посветени на спортот и правиме се што е во наша можност да создадеме спортска инфраструктруа и да им дадеме шанса на сите што сакаат да се занимаваат со спорт, рече потпретседателот на Владата Александар Николоски на отворањето на Првиот регионален спортски самит – Скопје 2025.
Тој рече дека владата има сериозна програма за развој на инфраструктурата во општините преку која минатата година се инвестирани стотина милиони евра, а дел од нив се за спортска инфраструктура.
– Годинава одиме со 250 милиони евра и тоа ќе продолжи во годините пред нас каде што сериозен дел има и инфраструктурата во спортот. Нема населено место во кое не носиме спортска инфраструктура и мислам дека тоа е основата затоа што младите генерации ќе можат да практикуваат спорт и со тоа да им дадеме шанса – рече Николоски
Тој додаде дека паралелно со тоа се прават и се неколку законски измени што треба да овозможат сериозни финансиски олеснувања.
– На начин што државата ќе одели дел од средствата и ќе ослоободи даноци за оние кои ќе инвестираат во спортот. Таа синергија меѓу инфраструктурата и можноста на инвестирање во спортот ќе даде резултати. Она што е значајно за нас како Влада е да ја држиме политиката надвор од спортот- рече Николоски.
Tagged as:
Николоски најави финансиски олеснувања за инвестициите во спортот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
