На свечена церемонија, на маргините на најголемиот и најзначаниот годишен собир на кардиолози од целиот свет, а во организација на најмоќната заедница на кардиолози на американскиот континент American College of Cardiology, денеска во Њу Орлеанс, САД, на еминентниот македонски кардиолог Никола Бакрачески од Охрид му беше официјално врачена титулата соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија или скратено FACC (Fellow American College of Cardiology) – престижна група на еминентни кардиоваскуларни професионалци, признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница во светот.
Претходно, во јануари 2025 д-р Бакрачески беше избран за соработник на Европското здружение за кардиологија FESC (Fellow of the Europian Society of Cardiology) – и со тоа се придружи на посебната статусна група која помага да се дефинираат идните насоки на кардиологијата во Европа.
Со овие две статусни титули д-р Бакрачески стана еден од ретките кардиолози на овие простори кој се здобил со овие две признанија истовремено. Тие претставуваат најпосакувани и најзначајни достигнувања во професионалната кариера на секој кардиолог ширум светот, и ги вбројуваат во заедницата на кардиоваскуларни професионалци рангирани како најдобри во областа.
– Чест и гордост е да се биде соработник на престижната American College of Cardiology. Ова е потсетник дека посветеноста, учењето и напредокот имаат мерлива вредност и истите никогаш не престануваат – изјави Бакрачески.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
