Ако барате поздрава алтернатива за утринското кафе, експертите препорачуваат какао. Содржи теобромин, природен стимуланс сличен на кофеинот, но со поблаг ефект и без негативните ефекти на кафето.
Какаото е богато со флавоноиди, кои ја подобруваат когнитивната функција, концентрацијата и го намалуваат ризикот од деменција. Тие исто така делуваат како антиоксиданси, борејќи се против штетните слободни радикали. Покрај тоа, какаото содржи растителни протеини, железо, магнезиум, калиум, калциум, фолна киселина и витамини Б, Е и К.
Кој треба да избегнува какао?
Поради високата содржина на калории и масти, луѓето со кардиоваскуларни болести треба да го консумираат умерено или да го избегнуваат. Со додавање на полномасно млеко се зголемуваат мастите, па затоа се препорачуваат млека од растително потекло (бадем, кокос, овес). Децата под 3-годишна возраст може да имаат алергиска реакција. Какаото исто така не се препорачува за жени со цисти на дојка, луѓе со хемороиди, хронични главоболки или зголемена чувствителност на кофеин.
Здравствени придобивки
Поради високата содржина на железо, корисно е за анемија, а магнезиумот помага при стрес и депресија. Какаото помага и во обновувањето на кожата, го стимулира растот на мускулите и содржи фенилетиламин, супстанца која го поттикнува лачењето на хормонот на среќата, пренесува Крстарица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
