Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на податоци од УНМР, предупредува дека источниот и јужниот дел од земјата во моментот се зафатени со нестабилна воздушна маса проследена со силен пороен дожд и на некои места со град.
Најпогодени се подрачјата околу градовите Пробиштип и Кочани, па сè до Гевгелија. Според информациите, со град се зафатени селата Куклеш и Свидовица во струмичко, а нестабилната воздушна маса се движи на север, директно кон градот Струмица, каде што се очекува интензивен пороен дожд да го зафати и градското подрачје.
„Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено во деловите каде што има нагли промени во временските услови и можно излевање на атмосферски води“, соопштија од ЦУК.
Според прогнозите, нестабилноста нема да се задржи само во источниот и јужниот регион. Во попладневните часови, ваква нестабилна временска состојба со пороен дожд се очекува и во западниот дел од земјата.
ЦУК апелира до граѓаните да ги следат официјалните информации, да не се движат низ подрачја кои се под ризик од поплави, и да пријават евентуални штети до локалните кризни штабови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
