Неверојатна и морничава сцена ги вознемири жителите на јапонскиот град Татејама утринава, кога четири огромни китови беа забележани како беспомошно се борат на брегот, откако беа исфрлени од морето

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неверојатна и морничава сцена ги вознемири жителите на јапонскиот град Татејама утринава, кога четири огромни китови беа забележани како беспомошно се борат на брегот, откако беа исфрлени од морето.

Настанот се случил само неколку часа по разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала што го стресе источниот брег на рускиот полуостров Камчатка.

Снимките што беа емитувани во живо на јапонската телевизија прикажуваат како китовите, дезориентирани и очигледно во паника, се обидуваат да се вратат назад во водата, додека солените бранови сè уште удираат по брегот на префектурата Чиба.

Инаку, првиот удар на цунамито, како што соопштија властите, го почувствуваа жителите на Хокаидо во 10:40 часот по локално време. Нивото на водата нагло се спушти – како некој да ја повлекол морската прекривка со сила – а потоа следуваа бранови чија моќ беше доволна да ги фрли овие морски џинови на суво.

Share This Article