Неверојатен обид за шверц на дрога е снимен во Колумбија, кога 40-годишен маж е уапсен додека се обидувал да се качи на лет за Амстердам, на меѓународниот аеродром Рафаел Нуњез во Картагена.
Мажот го привлекол вниманието на безбедносните службеници додека минувал низ скенер. По внимателниот увид е открил дека под периката криел 19 капсули кокаин.
Запленети се вкупно 220 грама кокаин, чија вредност на улица се проценува на над 10.000 евра.
На видеото од апсењето, кое стана вирално, се гледа како полицајците му вадат перика од главата на мажот, откривајќи пакетчиња кокаин прикачени на внатрешната страна на периката.