Топ Вести - Слушај сега
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави снимкаа со која ги демантира гласините дека загинал во ирански напад. Со иронија и со шега, тој порача дека е жив и дека граѓаните треба да продолжат со секојдневниот живот, но со претпазливост.
Во видеото, снимeно во мало кафуле, Нетанјаху нарачува кафе и со насмевка изговара реченица што предизвика лавина реакции.
– Умрев… за кафе – рече израелскиот премиер.
Фразата е чест израз во хебрејскиот јазик. Се користи кога некој силно посакува нешто.
Потоа Нетанјаху испрати порака и до граѓаните.
– Го сакам мојот народ до смрт – изјави тој.
Премиерот додаде дека е горд на начинот на кој Израелците се однесуваат во време на војна.
Видеото доаѓа по бран гласини на социјалните мрежи. Дел од профилите тврдеа дека претходната прес-конференција на премиерот била генерирана со вештачка интелигенција.
Некои објави дури тврдеа дека на снимките Нетанјаху има 6 прсти на едната рака. Затоа во новото видео премиерот ги крена двете раце и јасно ги покажа сите десет прсти.
Со тоа симболично ги исмеа теориите на заговор што кружат на интернет.
Еве како изгледаше проблематичното видео од наводна прес-конференција на Нетанјаху кое крена прашина во јавноста.
Нетанјаху ги повика граѓаните да излезат од домовите и да земат свеж воздух. Сепак, предупреди да останат блиску до засолништата поради можни напади.
Ситуацијата во регионот останува напната. Иран и Израел секојдневно разменуваат напади.
Утринава израелската армија објави дека започнала копнена офанзива за „проширување на тампон зоната“ во Јужен Либан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
