Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, соопшти МВР.
„На 20.4.2025 година во негова нива во близина на регионалниот пат Струга-Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга“, соопшти полицијата.
ОВР Струга поднесе кривична пријава и против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Педизвикување општа опасност.
„На 8.7.2025 година, обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви, засадени со житни култури, како и на блиската депонија“, се додава во соопштението од ОВР Струга.