Непрекинатото израелско бомбардирање врз опколениот Појас Газа продолжува и денеска, при што од зори загинале најмалку 27 Палестинци, вклучувајќи и неколку лица што чекале хуманитарна помош, објави Ал Џазира.
Во еден од најтешките инциденти, израелските сили отвориле оган врз толпа цивили кои се приближувале до преминот Зиким, каде што пристигнувале камиони со хуманитарна помош за северна Газа. Притоа биле убиени најмалку 51 лице, а повредени 648 луѓе.
Болниците во Газа денеска регистрираа уште 7 нови смртни случаи, предизвикани од глад и од неухранетост, со што вкупниот број на жртви поврзани со гладот од октомври 2023 година достигна 154 – од кои 89 се деца.
Во меѓувреме, канадскиот премиер Марк Карни најави дека Канада ќе ја признае палестинската држава на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации во септември. Како причина ја наведе итната потреба од решение со 2 држави за израелско-палестинскиот конфликт.
Според последните податоци, од почетокот на израелската воена офанзива врз Газа загинале најмалку 60.138 лица, а ранети се 146.269. Во нападот, предводен од Хамас на 7 октомври, 2023 година во Израел беа убиени 1.139 луѓе, а повеќе од 200 се земени како заложници.