Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите.
Анонимно е, но граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или е-адреса, за да можат надлежните да ги контактираат доколку имаат некои прашања.
На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника или, пак, некоја нерегуларност, а може да се приложат и фотографии и документи како докази.
На крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку неправилности биле пријавени од страна на граѓаните.
На брифингот беше кажано и дека се работи на менување на одредени закони.