Background

Неодамна го изгубив татко ми, како очекувате да изгледам во моментов?

Кели Озборн, ќерка на Ози и Шерон Озборн, неодамна гo привлече вниманието на јавноста со својата драстична трансформација. На лансирањето на новата линија прибор за печење на Џулиет Сир, таа изгледаше неверојатно слаба, што повторно предизвика шпекулации дека претерува со апчиња за слабеење.

Сепак, Кели го припиша своето губење на тежината на сосема друга причина. Во видео на социјалните мрежи, прикажано во емисијата „Пирс Морган Нецензурирано“, таа рече дека причината е „емоционалната болка од смртта на нејзиниот татко Ози“, кој почина во јули на 76-годишна возраст.

– До луѓето кои постојано мислат дека се смешни, но се злобни затоа што даваат коментари како „Дали си болна?“ или „Тргни се од Оземпик“ или „Не изгледаш добро“. Татко ми штотуку почина, а јас правам сè што можам, а сè за што можам да живеам во моментов е моето семејство.

- Advertisement -
Ad image

И јас бирам да ја споделам мојата содржина со вас и да ја споделам среќната страна од мојот живот, а не тажната страна. Затоа, на сите тие луѓе им велам F… Y.. – рече таа.

Нејзината мајка Шерон, која гостуваше во емисијата ги потврди зборовите на Кели: Таа е во право, знаете. Таа не може да јаде во моментов. Омразата на интернет е штит за луѓето кои се несреќни.

Кели, исто така, се огласи на Инстаграм за да им се заблагодари на сите за нивната поддршка и љубезните коментари што ѝ помогнале да го преброди тешкиот период по загубата на татко си. Но, таа повтори колку негативните коментари ја повредиле:

– Добив некои одвратни, ужасни, груби, брутални коментари што ме натераа да помислам: „Што очекувате од мене?“, „Како очекувате да изгледам во моментов?“

Фактот дека станувам од кревет, се соочувам со животот и се обидувам, треба да биде повеќе од доволен. Треба да ме пофалите за тоа. Сите оние кои ми оставаат вакви болни коментари, треба добро да се погледнат себеси, бидејќи повеќето од работите што ги кажувате за мене се она што го чувствувате за себе – рече таа.

Озборн, исто така, забележа дека споредувањето на нејзините фотографии од времето кога имала 18 години со денес, кога има 41 година, е неосновано: Нашите лица се менуваат како што старееме.

– Најразочарувачко е што повеќето коментари се напишани од возрасни жени. Жени кои велат дека се советнички, жени кои се мајки, жени кои изгледаат како самите да се борат со својата тежина. Апсолутно е разочарувачки што жените не можат да поддржат други жени-  заклучи таа.

Кели се соочуваше со негативни коментари и претходно. Во мај, таа рече дека била критикувана повеќе за губење на тежината отколку за зависноста од дрога.

– Бев зависник од дрога, алкохоличарка. Бев целосно уништена, груба кон луѓето, ужасна. Но, повеќе ме критикуваа затоа што сум дебела отколку за било што друго. Тоа е лудо вели таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation