Кралицата Камила (78), очигледно, не се плаши да прифати нов третман за убавина – дури и ако некои би рекле дека е малку необичен. Веѓите на Камила неодамна добија трајна преобразба.
Според „Пипл“, во обид да ги направи нејзините веѓи да изгледаат пополни и подефинирани, кралицата се обратила кај Сузан Мартин, позната како лондонската „Кралица на веѓите“.
Третманот – кој чини 1.870 долари или околу 1720 евра, вклучува тетовирање на веѓите за да се создадат веѓи со природен изглед. Покрај кралицата Камила, Мартин работела и со други познати личности како Дуа Липа и Ели Гулдинг.
Како изгледаат новите веѓи на кралицата, можело да се види пред неколку дена на свечениот прием по повод посетата на претседателот на Нигерија во Бакингемската палата.
Кралицата Камила претходно имала подебели, потемни и помалку дефинирани веѓи. Моментално, бојата на нејзините веѓи е поинтензивна бидејќи постапката е направена неодамна. Со текот на времето, таа боја станува посветла и поусогласена со тенот, па со самото тоа е и поприродна, што е и целта на третманот.
Постапката се нарекува Couture Brow и подразбира исцртување на секое поединечно влакно на веѓите со помош на специјален молив за тетовирање. Пред третманот се вршат консултации, клиентот ја избира својата омилена нијанса, а пигментот се внесува директно под горниот слој на кожата.
За да се добие полн ефект, се изведуваат две сеанси од 90 минути. За резултатот да трае подолго, потребни се нови третмани, кои се изведуваат на секои осум до девет месеци и чинат 1070 долари, односно 980 евра.
Tagged as:
Неочекуван третман за убавина на британската кралица кај „кралицата на веѓите“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
