На вратата на „Гранд продукција“ денеска беше поставен некрологот на основачот на таа компанија Саша Поповиќ, кој почина во саботата после кратко и тешко боледување.
Од Саша се простија сопругата, децата, роднините и пријателите.
„Нашиот сакан Александар Саша Поповиќ почина на 1 март 2025 година на 71-годишна возраст. Погребот ќе се изврши во четврток во 14 часот и 30 минути на гробиштата Нови Бежаниј во Белград. Сочувство ќе се одржи од 12:00 часот во црквата Свети апостол Тома на гробиштата Нова Бежанија.
Ожалостени сопругата Сузана, децата Александра и Даниел и многу други роднини и пријатели“, се наведува во посмртницата.
Сопругата Сузана преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои и дадоа поддршка во тешките моменти за неа и нејзиното семејство.