Background

Некои од ракетите на 6 април биле лансирани од Црното Море?

„Разговараме со Русија. Би сакале тие да престанат. Не ми се допаѓа бомбардирањето, тоа продолжува и продолжува и илјадници млади луѓе умираат секоја недела“.

Вака им рече американскиот претседател Доналд Трамп на новинарите во авионот р Форс 1. Неговите коментари уследијапо масовниот руски напад врз Украина ноќта на 6 април

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот рече дека им наредил на своите министрида ги интензивираат контактите со меѓународните партнери, особено со САД, за да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии „Патриот“, пред претстојниот состанок во формат на Рамштајн.

- Advertisement -
Ad image

Руските трупи лансираа 23 проектили и 109 беспилотни летала низ Украина, насочени кон регионите Киев, Суми, Харков, Хмелницки, Черкаси и Миколаев, соопштија украинските воздухопловни сили. Киевските власти ја потврдија смртта на еден маж и ранети уште тројца во ноќниот напад.

Украинскиот претседател тврди дека некои од ракетите биле лансирани од Црното Море и рече дека партнерите на Украина биле запознаени со бродовите и локациите кои се вклучени.

– Затоа Русија ја искривува дипломатијата и одбива безусловен прекин на огнот. Тие сакаат да ја зачуваат можноста за напад на нашите градови и пристаништа од море – рече Зеленски.

Францускиот претседател Емануел Макрон исто така повика на прекин на огнот. Според Макрон треба да следи решителна акција доколку Русија продолжи да одбива мир.

„Додека Украина го прифати предлогот на претседателот Трамп за целосен и безусловен прекин на огнот за 30 дена пред речиси еден месец, додека ние работиме со сите наши партнери на начините за обезбедување мир, Русија ја продолжува војната со нов интензитет, не покажувајќи почит кон цивилите“, напиша Макрон на Икс.

Претставникот на Кремљ на преговорите Кирил Дмитриев, пак, изрази „внимателен оптимизам“ во обновувањето на дипломатијата со Вашингтон. Тој најави дека веќе следната недела може да има нови контакти меѓу Русија и САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation