Некогаш суперпопуларната хрватска пејачка Весна Писаровиќ за неколку дена ќе го објави новиот долгоочекуван сингл. Публиката долги 20 години чекаше на нова песна.
– Првиот стих започнува со „прашај зошто сум толку блед“, а потоа преминува во љубовна приказна, приказна која може да биде и опасна и убава во исто време – вели пејачката.
Со нова песна Весна најавува нов поп албум, кој е при крај.
– Навистина сум возбуденa поради тоа. Многу се оддалечив од поп музиката и пеев само џез 15 години. Да се каже нешто директно со еден стих, со аранжман кој мора да биде богат, е многу возбудливо и повторно се заљубив во поп музиката – изјави таа неодамна.
Весна Писаровиќ имаше неколку популарни хитови, меѓу кои и денес се памети и се пее песната „Да знаш“, инаку препев на „Non c’è“ на големата италијанска ѕвезда Лаура Паусини. Слушнете го големиот хит на Весна Писаровиќ: