Штотуку го најде својот ритам и се врати на големата сцена, но Нејмар повторно ќе мора да паузира.
Веќе искусниот и прославен бразилски напаѓач не беше во составот на Сантос на последниот натпревар, а причина беше новата повреда. Нејмар не се чувствуваше подготвен и не беше ниту на клупата за резерви.
Бразилецот се жалеше на болката што ја чувствуваше неколку недели, но овој пат тоа го спречи претходната вечер да игра за Сантос. Поранешниот фудбалер на Барселона беше подложен на тестови кои укажуваа дека треба да паузира.
Откако го пропушти натпреварот, се огласи и Нејмар:
За жал, чувствувам болка во последните неколку недели… Многу сакав да му помогнам на тимот, ги направивме тестовите утрово, но повторно почувствував болка“, изјави прославениот Бразилец.